Невакцинираните имаат 16 пати поголема веројатност да завршат на интензивна нега или да починат од последиците од инфекција со Ковид-19, се вели во извештајот на австралиската држава Нов Јужен Велс, додека официјалните лица бараат од жителите да се вакцинираат.
Податоците од Министерството за здравство на Нов Јужен Велс објавени доцна во понеделникот покажуваат дека само 11 отсто од 412-те луѓе кои починале од Делта варијантата на коронавирусот во рок од четири месеци, до почетокот на октомври, биле целосно вакцинирани.
Само околу три отсто од оние кои завршиле на интензивна нега примиле две дози од вакцината, додека повеќе од 63 отсто од 61.800 случаи откриени меѓу 16 јуни и 7 октомври биле невакцинирани.
„Младите луѓе со примени две дози од вакцината имаа помала стапка на инфекција и речиси никој потешка форма на болеста, додека оние невакцинираните во таа возрасна група беа изложени на поголем ризик да развијат Ковид-19 и потреба од хоспитализација“, вели Кери Кант, претставник на здравствените власти во Австралија.
Овие наоди се совпаѓаат со оние на Американскиот центар за контрола и превенција на болести, кој објави во септември дека невакцинираните поединци имаат 11 пати поголема веројатност да починат од последици на коронавирусот отколку оние кои се целосно вакцинирани.Австралија во голема мера беше поштедена од инфекцијата оваа година се додека позаразната Делта варијанта не доведе до повеќемесечно затворање на Сиднеј, Мелбурн и Канбера на почетокот на јуни.Градовите сега почнаа да ги олеснуваат ограничувањата откако процентот на вакцинирани надмина 70 отсто, а потоа 80 проценти.