големо мнозинство Швајцарци во неделата на референдум, кој го одбележа доста голем одѕив на гласачите, го поддржаа законот кој овозможува воведувањето на ковид-пропусниците.
Иако швајцарската полиција стравуваше од протести, пред седиштата на владата и парламентот во Берн се собрале само неколку десетици противници на споменатиот предлог-закон. Зградата беше под високи мерки на безбедност, се додава во полициското соопштение.
Според конечните резултати 62 отсто од гласачите кои излегле на референдумот го поддржале воведувањето на ковид-пропусниците.
Ковид-сертификатот е наменет за вакцинираните лица, за оние коишто прележале Covid-19 или имаат негативен тест на коронавирусот. Потврдата ќе биде поребна за посети на кафулиња или ресторани, на изложби во кино и театар или на спортски настани организирани во сали.
На референдумот излегле 65 отсто од гласачите, што е четвртиот највисок одѕив по референдумот за воведување на правото на глас за жените во 1971 година. Во Швајцарија, којашто го применува принципот на ткн директна демократија и изјаснување за важни закони на плебисцит, на таквите референдуми просечната излезност изнесува 46 отсто.
Денешниот референдум го иницираа противниците на издавањето на ковид-пропусниците, а се совпадна со моментот кога низ светот се шири новата варијанта на коронавирусот наречена омикрон, која Светската здравствена организација ја вброи во категоријата „загрижувачки“ и која целиот свет го врати во состојба на висока готовнсот.
Иницијаторите на денешниот референдум сметаат дека издавањето на ковид-пропусниците претставува непотребно ограничување на граѓанските слободи.