Активистката Гордана Гоџо од Скопје протестира и инсистира нејзиното дете да биде пуштено в училиште без маска.

Овој настан преку видео на социјалните мрежи го објави Гоџо која се снима додека разговара со вработени во училиштето.

-Моето дете се гуши од маската и не сака да ја носи. Ова е уцена. Ова е кривично дело уцена, моја должност е да ве предупредам, им се обраќа Гоџо на вработените во училиштето.

Тие, во видеото, и објаснуваат дека мора да постапуваат по протоколи…

-Од што ве штити маската, во аптека сте побарале декларација да видите, реплицира Гоџо.

Видеото со конверзацијата на мајката и вработените во училиштето трае повеќе од 15 минути и може да го погледате ТУКА.