Скандинавските и балтичките министри за одбрана оценија дека западните земји во никој случај не треба да се согласат со руските предлози за безбедносни гаранции во Европа, се вели во соопштението на естонското Министерство за одбрана.
На состанокот присуствуваа воените министри на Финска, Естонија, Шведска, Данска, Норвешка, Летонија, Литванија и Исланд. „Министрите за одбрана на скандинавските и балтичките земји се состанаа во петокот преку видео мост и се согласија дека Русија претставува најголема воена закана за Европа. Министрите, исто така, едногласно веруваат дека западните земји на кој било начин не можат да се согласат со барањата на Руската Федерација“, се вели во соопштението.
Естонскиот министер за одбрана Кале Лаанет во понеделник и вторник ќе се сретне со колегите од Полска, Летонија, Литванија и Холандија на разговори за актуелната ситуација.
Руското Министерство за надворешни работи вчера објави предлог-договори меѓу Русија и САД и НАТО за безбедносни гаранции. Документите веќе се предадени на Вашингтон и неговите сојузници. Една од точките на проектот е НАТО да даде гаранции дека алијансата нема да се прошири на територијата на Украина.