Во еден од четирите натпревари одиграни во НБА лигата синоќа, кошаркарите на Феникс го совладаа Лос Анџелес клиперс со 106-89 и со тоа станаа првата екипа сезонава која дојде до 30 победи.

Лидерот во Западната конференција сега има ефект од 30 и осум порази, а во домашниот триумф над „Клиперси“ се истакна Камерон Џонсон со рекордни 24 поени во кариерата.

Во преостанатите три натпревари, Њујорк со голем пресврт и по негатива од 25 поени го совлада Бостон (108:105), Голден Стејт без повредениот Стивен Кари загуби од Њу Орлеанс (101:96), додека Мемфис славеше над Денвер со 118:88.