И Србија и регионот, Европа и светот бележат рекорди во бројот на новозаразени омикрони соеви на коронавирус. Во Србија е регистриран првиот случај на флурон, односно истовремено присуство на вирус на грип и коронавирус кај едно лице. Гостите на емисијата „Четврток во 9“ оценуваат дека епидемијата може да се запре со комбинација на мерки и масовна вакцинација.
Константинидис: Заразувањето на децата допрва доаѓа
Коментирајќи ја одлуката на српскиот Училишен тим помладите паралелки да имаат настава со физичко шрисуство, а постарите основци и средношколци да следат настава според комбиниран модел, д-р Георгиос Константинидис, претседател на Српското здружение за педијатри, наведува дека сме само на почетокот на третата недела од бранот со „омикрон“.
Според него, изгледа дека допрва доаѓа инфицирањето на нашите деца.
„Искуствата од претходните бранови нè учат дека децата се секогаш од средината до крајот на бранот. Не би сакал да бидам во право и не би бил среќен да бидам во право, но ми се чини дека заразувањето на децата допрва доаѓа. Тоа би можело да се случи во одреден момент, речиси сигурно, мислам дека сме должни да не создаваме добри предуслови за овој пик кај децата на училишна возраст“, вели гостинот во емисијата „Четврток во 9“.
Тој посочува дека овој бран со омикрон во западните, северните земји и во САД трае повеќе од пет недели, но дека не стивнува.
„И таму има големи дискусии дали децата треба да одат на училиште или не. Дури и тие што оделе на училиште се премислуваат и сега се поблиску до фактот дека можеби тоа не била добра одлука“, вели Константинидис.