Никола Пановски, Драган Даниловски и Вело Марковски, негативно одговорија на поканата на министерот за здравство Беким Сали да бидат членови на Комисијата за заразни болести или негови советници.
Според Сител, Пановски замерува за начинот на кој е упатена поканата – преку ФБ, Даниловски се изјаснил дека не сака да го жртвува авторитетот во Комисијата која нема извршна моќ, а Марковски, исто така изјавил дека Комисијата е советодавно тело и нема намера да учествува во такво нешто.
Даниловски додал и дека не сака да биде ниту советник ан министерот.
нивните одоговори доаѓаат по денашната покана на министеор Беким Сали до тројцата, напишана на неговиот ФБ профил, да бидат членови на Комисијата или негови советници.