Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, по победата над Питерборо (2:0) во 1/8-финалето на ФА Купот изјави дека е фокусиран само на следниот натпревар.
– Изгледите за освојување на Премиер лигата, Лигата на шампионите и ФА Купот? Не, нема да размислувам за тоа. Манчестер Јунајтед е следниот натпревар, изјави Гвардиола, за „Би-би-си“.
На табелата во Премиер лигата по 27 кола Манчестер сити е лидер со 66 бодови, втор е Ливерпул со заостанување од шест бода.