Времето сќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -1, а максималната ќе достигне од -2 до 6 степени.

Во Скопје, променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 3 степени.

До недела ќе се задржи променливо облачно и студено време со умерен северен ветер. Температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината. Особено ниски ќе бидат утринските температури кои на места ќе се спуштаат под -10 степени. Постепен пораст на температурите се очекува од понеделник.

На Попова Шапка -14 степени и 64 сантиметри снег

Најстудено утрово е на Попова Шапка каде што се измерени -14 степени, во Маврово е -12, Крушево – 10, Берово и Крива Паланка -7, Битола и Охрид -6, Прилеп – 5, Штип и Демир Капија -4, Струмица и Куманово – 3, Скопје и Тетово -2,  Гевгелија -1 и во Дојран нула степени.

УХМР информира и дека на Попова Шапка има 64 сантиметри снег, во Крушево 62, а во Маврово снежната покривка е 52 сантиметра.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието и во источните делови. Максималната температура ќе достигне од -2 до 6 степени.

Во Скопје, променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 3 степени.