Сирени за воздушни напади утрово ги разбуди повеќето градови во Украина, јави Би-Би-Си.
Малку по 6 часот по локално време сирени се огласија во повеќе од 15 региони и многу градови во Украина.
Предупредувањето се слушна и во главниот град Киев, заедно со клучните градови како Одеса, Суми, Харков и Дњепар, пренесе Бгнес.
Известувачите на Си-Ен-Ен во централниот украински град Дњепар јавија дека утрово имало најмалку две експлозии.
Тие исто така виделе чад источно од реката Дњепар.
Државната служба за вонредни ситуации на Украина соопшти дека утрово во Киев се пријавени два пожари кои избувнале како резултат на гранатирање.
Погоден е магацин за складирање замрзната храна во регионот на Киев по што се запалил. Службата соопшти дека пожарот е локализиран и гаснењето сè уште трае.
Оперативниот координативен центар на Главната дирекција на Државната служба за вонредни состојби на Украина во Киев потоа добил дојава и за пожар кој избувнал на улица во областа Подолск во главниот град. Погодена била административна зграда чиј покрив се запалил. Пожарот е изгаснат.