Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната од 5 до 12 степени.
Во Скопје, сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во следните три дена ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со пораст на температурата. Од четврток ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на студена воздушна маса, во петок врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места. Температурите повторно значително ќе опаднат и ќе бидат под просекот за овој период од годината.
Минусни утрински температури во цела Македонија
Минисни утрински температури изутрина во 7 часот се регистрирани во цела држава. Најстудено е во Маврови Анови, Берово и Попова Шапка, каде се измерени – 10 степени, по што следуваат со -8 Крива Паланка и со -7 Скопје-Петровец и Струмица. Минус 6 степени под нулата се регистрирани во Куманово и Демир Капија, – 5 во Прилеп, Битола, Штип, Гевгелија и Kрушево, -4 во Тетово, Претор, Охрид и во Дебар, -3 Скопје-Зајчев Рид и Виница, а – 2 во Дојран.
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека на Попова Шапка има снежна покривка од 60 сантиметри, во Крушево 54, во Маврови Анови 46, а во Пожаране 16.
Според најавата од УХМР, по ведрото и многу студено време во текот на ноќта и изутрината, во текот на денов ќе биде претежно сончево со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.Во Скопје, сончево и претежно тивко, со максимална темпетарура до 10 степени.