Тренерот на Интер, Симоне Инзаги рече дека неговиот забележа важна победа на дербито со Јувентус.
Интер синоќа победи во Торино со 1:0 и остана во трка за шампионскиот трофеј.
– Направивме важен чекор напред бидејќи сме во потера по Милан и Наполи. Во последно време губиме бодови, но ќе се обидеме да ги стигнеме ривалите на преостанатите осум натпревари. Јувентус не ни задаваше многу проблеми. Имаа некои шанси, но моите играчи ретко дозволуваа опасност пред нашиот гол. Во последно време ни недостигаат важни играчи. Навивачите пред натпреварот зборуваа дека Интер не го победил Јуве на гости 11 години. Сепак, оваа победа е само еден чекор кон целта. И многу добро се сеќавам за што зборуваа луѓето не толку одамна, истакна Инзаги.
По 30 одиграни натпревари во Серија А, Интер е трет на табелата со 63 бода. Пред него се Наполи со 66 бодови собрани од 31 натпревар и Милан со 66 од 30 одиграни кола.