Владејачкиот СДСМ секојдневно ги информира граѓаните за, според нив, успешните резултати на нивната Влада. И во денешното соопштение, уште еднаш, ги потсетува граѓаните колку семејствата имаат заштедено на сметките за струја откако власта го поскапе овој енергенс. Во продолжение целото соопштението од СДСМ:
Владата и институциите предводени од СДСМ успешно се справуваат со последиците од светската економска криза, најголема во последните неколку децении.
Резултатите од антикризните мерки вредни 400 милиони евра се видливи и реални.
Само преку мерката за субвенционирање на сметките за електрична енергија сметките за струја на едно семејство денес се пониски за 2.150 денари.
Тоа е сериозна заштеда на средства на месечно ниво.
Покрај намалување на трошоците, во време на криза растат платите и пензиите. Минималната плата од овој месец изнесува 18.000 денари, а просечната плата за месец јануари е 29.980 денари.
330.000 пензионери овие три месеци добиваат дополнителни 1.000 денари финансиска помош, а обезбедивме и рекордно зголемување на пензиите.
Како одговорна партија продолжуваме со реализација на политики што значат вистинска грижа за сите категории граѓани.
Центар за односи со јавноста на СДСМ