Време е СДСМ да престане со празни флоскули и нека одговори на јавноста за сиот сторен криминал од страна на нивните функционери, се истакнува во денешната реакција на соопштението на СДСМ, во кое владејачката партија ја обвинува опозицијата за криминал.
Соопштението од опозициската ВМРО-ДПМНЕ го објавуваме подолу во целост:
Време е да има одговор и одговорност како исчезнува масло од фабриките за канабис, кој е сопственичкиот удел на семејството Заеви во фабриките за марихуана низ Македонија.
Време е да има одговорност и за кого крадеше Мухамед Зекири. СДСМ нека одговори на јавноста каде отидоа парите од рекетот, а според Јовановски тие отидоа директно кај Вице и Зоран Заев.
Но исто така ќе треба да има и одговорност за политичките нарачки и тортури кои се случуваат против сите неистомисленици на власта.
Време е СДСМ да биде искрен пред граѓаните и да одговара и за украденото оружје од охридската полиција, но и за сите тендери и матни зделки во РЕК Битола, и сите други институции и фирми кои беа користени за испумпување на пари од буџетот на државата, за сметка на луѓе блиски до власта.
Да оставки ќе има, но и одговорност за раководството на СДСМ и Владата.
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ