Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 1.124 тестови, а регистрирани се 72 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 53, Битола – 8, Тетово, Охрид и Берово – по 2, Куманово, Прилеп, Штип, Кочани и Гевгелија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (72), регистрирани се 20 реинфекции.

Регистрирани сe 54 оздравени пациенти од: Скопје – 34, Штип – 5, Охрид – 4, Битола и Берово – по 3, Куманово, Кавадарци, Гостивар, Струмица и Неготино – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително се регистрирани две починати лица од: Охрид (82г) и Велес (74г). Едно лице е починато во домашни и едно лице во болнички услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 24.05 до 28.05.2022 година.

Направени се 1.124 тестови преку: ИЈЗ-112, ЦЈЗ Скопје-25, ЦЈЗ Битола-26, ЦЈЗ Прилеп-9, ЦЈЗ Тетово-9, ЦЈЗ Куманово-11, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-11, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–41, Жан Митрев (Филип Втори)-26, Авицена-20, Биотек-42, Систина-35, лабораторија Лаор-43, Синлаб-7, Ремедика – 4, Плодност-10, Генеа-3, Никоб Лаб-53, ВФВ Медикал-10, Ели МедикаПлус-10, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб–7, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–5, Рамус-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 589.

Досега во земјата се направени вкупно 2.058.297 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.157, бројот на оздравени пациенти е 302.344, на починати е 9.309, а бројот на активни случаи изнесува 504.