Д-р Андон ЧИБИШЕВ

Медикаментот ДИАЗАПАМ или популарниот АПАУРИН и слични лекови од оваа група стручно дефинирани како бензодиазепински транквизери се фантастични лекови кои правилно индицирани, употребени и дозирани можат да помогнат при многу специфични здравствени состојби.

МЕЃУТОА, употребени на своја рака, без соодветна индикација и потреба, по желба или заради зависност може на краток и долг рок да предизвикаат многу сериозни нарушувања на здравјето на тие кои го употребуваат.

ЗАТОА, ги повикувам моите колеги и фармацевтите да не го препишуваат или индицираат ДИАЗЕПАМОТ на барање на пациентите или заради многу други причини. Единствен начин за ординирање на овој медикамент да биде специфична состојба или дијагноза утврдена преку соодветни клинички инвестигации.

Благодарам на разбирањето.