Премиерот Заев денеска го закопа лидерот на СДСМ, Зоран Заев и вистината дека „ВМРО-ДПМНЕ го интересирало и барале само амнестии“, како што скоро секој ден социјалдемократите повторуваа во нивните партиски сооопштенија.
Заев во воведното излагање на денешната собраниска седница за промена на уставното име на Република Македонија упати порака за амнестија, со што на виделина излезе кој бара, кој нуди и кој е навикнат да ужива во аболиции и амнестии.
– Испраќам порака за помирување и простување за настаните на 27 април, рече Заев пред пратениците во Собранието на РМ.
Оваа понуда за „поткуп на пратениците“ од опозицијата да гласаат за Северна, фрла светлина за доследноста на ставовите на лидерот Заев и на СДСМ, кој по секоја цена се труди да го обезбеди потребното двотретинско мнозинство за измена на Уставот, што тешко му оди.
Оваа премиерска понуда фрла и светлина и сенки врз вистината за независноста на судството од извршната власт, за „независните“ и грлати аналитичари, новинари, колумнисти… кои постојано ја обвинуваа опозицијата дека ништо друго не ја интересира освен амнестија.
Веднаш по оваа објава од премиерот Заев од говорницата во парламентот, на социјалните мрежи се јавија личности од тие на кои Заев толку добродушно им нуди амнестија:
„Фала, не сакаме амнестија, сакаме правда“, напишаа на социјалните мрежи.