КОВАЧКИ ДО КОВАЧЕВСКИ: Таче, седи си и не станувај – храброста можеше да ја покажеш кога беше најпотребно да се бориш за Македонија!

/ 01.12.2022

Димитар Ковачевски, човекот кој се крие позади Цаци, поставен да одработи на штета на македонскиот народ и на Македонија, не знае дека народот е тој кој бира и дава и народот е тој кој зема на избори, а не странските политичари, вели пратеникот Драган Ковачки.

-Вакви лаги како оваа не поминуваат. Ковачевски зборувал и за храброста… Храброста можеше да ја покажеш тогаш кога беше најпотребно и наместо да дезертираш и да вадиш лажни лекарски белешки, да се бориш за Македонија или пак барем сега кога веќе те поставија таму каде што си, да излезеш на ТВ дуел и на избори па народот да слушне и да види колку си храбар. И за крај, за разлика од него нема потреба од прашања, на сите им е јасно дека Ковачевски не само што така си мисли, туку и гласно си кажува, се ќе потпишам, само да бидам премиер, затоа што друга шанса и прилика нема, одговара пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој натаму во објавата на Фејсбук му порачува на Ковачевски:

– Е, па Таче, седи си и не станувај, не се брукај! #Нелегитимен #ТрајноНеспособен #НационалнаКатастрофа, пишува Ковачки на Фејсбук.


Од истата категорија