Сега и веднаш, треба да се активира образовниот инспекторат кој треба да напарави опсежна истрага за издадените дипломи на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, вели за ТВ Алфа пензионираниот инспектор Ѓорѓи Илиевски.

Оваа реакција доаѓа откако Антикорупциска комисија откри дека, не само синот на собранискиот спикер, Талат Џафери, туку и други над 400 студенти се стекнале со спорни уверенија на овој Универзитет.

Ако не се поништат овие уверенија, бара од сегашниот министер за прадвда, Тупанчевски, да си поднесе неотповиклива оставка. Овој случај, рече, ќе биде проследен и до американската амбасада во Скопје.

Опширно во прилогот на ТВ Алфа во видеото кое може да го отворите ТУКА.