Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во емисијата „Економски магазин“ на ТВ Алсат истакна дека во 2022 година сите антикризни мерки се во вредност од 760 милиони евра и тоа економските мерки, не сметајќи го плаќањето на електрична енергија.
Секој граѓанин оваа година е субвенциониран со 6.800 денари, или секое домаќинство добива субвенција од 21.000 денари оваа година за обезбедување на електрична енергија на регулираниот пазар, соопшти Битиќи.
Потпретседателот Битиќи истакна дека и малите компании се субвенционирани со до 100 проценти за електрична енергија.
За малите компании коишто се на регулираниот пазар, договорена е цена од 250/260, но таа на берзите се искачи до 500 евра. Значи разликата е 100% субвенција, нагласи Битиќи, додавајќи дека со ова бизнисите добиваат предвидливост и стабилност, односно предвидлива цена и сигурност дека ќе има електрична енергија, што е клучно за развојот.
Во врска со навременоста на мерките, Битиќи посочи дека и во 2020 година во ковид кризата имало мислења дека мерките се задоцнети, за после ММФ и СБ да кажат дека заради мерките немало толкав пад на БДП, за колку што би паднал без нив, дека мерките спасиле 80.000 работни места итн.
Потпретседателот Битиќи истакна дека во оваа кризна година странските инвестиции изнесуваат 528 милиони евра, и во последните 10 години, биле повисоки само во 2018 година.
Во 2020 година имаше 70 договори за државна помош, а оваа година тој број се искачи на 620, годинава ќе бидат исплатени 30 милиони евра државна помош за компаниите кои почнале инвестицсики цикус, од кои 97% се домашни компании, а најголем дел се од преработувачкиот сектор, нагласи Битиќи, додавајќи дека сите индустриски зони се отвоени, усогласени се условите за поддршка на домашните и странските компании, општински зони се поддржани, пазарот за електрична енергија е отворен, целосно либерализиран за да инвестираат компаниите.
Државата е увозно зависна од електрична енергија, што е последица на 30 години невнимавање на овој сектор, 35 отсто струја е од увоз и тоа е едно од клучните фактори за инфлацијата, истакна Битиќи, додавајќи дека за истата количина на струја лани се платени 800 милиони евра, а годинава 2 милијарди.
Шест месеци слушавме дека струјата е клучниот фактор за зголемување на цените во прехранбениот сектор, за жал гледаме дека намалувањето не е вистина, кога имате увозно зависна економија, кога суровините доаѓаат од надвор не можете да кажете дека електричната енергија е клучниот фактор. Ние го направивме тоа што требаше да се направи сега на ред е стопанството, порача потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во емисијата „Економски магазин“ на телевизија Алсат.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ