Македонската телевизија му одговори на поглаварот на Македонската православна црква – охридска архиепископија, г.г. Стефан, кој побара извинување за кајронот „архиепископ охридски“, без „македонски“, во директниот пренос од синоќешниот Божикен концерт.
– За време на вчерашниот пренос на Македонската телевизија од концертот на Бадниковите поворки, неговото блаженство, г.г. Стефан, поглавар на МПЦ–ОА беше потпишан со титулата „архиепископ охридски“, на инсистирање и според официјалниот допис од организаторот на манифестацијата. МТВ, која вршеше пренос, се оградува од пропустот на организаторот, бидејќи јавниот сервис секогаш се придржува до целосната титула на поглаварот г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски“, стои во известувањето од МТВ.