На средбата меѓу лидерите на албанските политички партии во Македонија со премиерот на Албанија Еди Рама која се одржа синоќа во Тирана, лидерот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека Македонија и Албанија имаат заедничка иднина во Европската Унија, но и заеднички предизвици кои ги очекуваат двете земји во овој период.
Тој додаде дека мора да се спречи заминувањето на младите од Македонија и од Албанија во европските земји и оти стандардите на двете земји треба да се усогласат со оние на земјите од ЕУ. Но, она што исто така го потенцираше тој е и дека „без Албанците нема да ја има Македонија“.
Според Ахмети, „средбата со премиерот Рама поминала во позитивен и братски дух“.
„Иднината на двете земји е во ЕУ. Предизвиците со кои се соочуваат двете земји се заеднички. Оваа фаза е многу тешка“, нагласи Ахмети.
По повод големата миграција на младите од Македонија и Албанија во европските земји, лидерот на ДУИ порача дека „стандардите на двете земји треба да се усогласат со оние на земјите од ЕУ“.