Италијанските карабинери го уапсија најбараниот мафијашки бос во земјата, Матео Месина Денаро, јави италијанската новинска агенција АНСА.
Месина Денаро се смета за шеф на сицилијанската Коза ностра и е во бегство од 1993 година.
Денаро, чиј прекар е Дијаболик, бил уапсен во приватна клиника во Палермо.
Полицијата долго време се обидуваше да го фати, а покрај тоа што беше најбараниот во Италија, тој беше и меѓу 10-те најбарани криминалци во светот.
Денаро беше осуден во отсуство на доживотен затвор за неговата улога во убиствата на судиите Џовани Фалконе и Паоло Борселино во 1992 година.
Тој, исто така, се соочува со доживотен затвор за неговата улога во бомбашките напади во Фиренца, Рим и Милано во кои загинаа 10 луѓе.