Обезбедуваме квалитетни работни места, со европски работни услови и повисоки плати, објави вечерва премиерот Димитар Ковачевски.
– Странските инвестиции и новите работни места се најдобар показател за раст на економијата. Многу успешни светски компании се одлучуваат да инвестираат токму во нашата држава. На тој начин, обезбедуваме квалитетни работни места, со европски работни услови и повисоки плати.
Нашата главна цел е да обезбедиме европски живот и стандард за нашите граѓани тука, дома, во својата држава. 2023 година ќе биде година на економски напредок!- објави Ковачевски на својот профил на Фејсбук.
Објавата на Фејсбук е спонзорирана и платена од СДСМ, поради што оставаме резерва пред „министерствата за вистина“ за можна контаминираност на веста со информации кои може да не доведат во судир со критериумите на вистиномерите.
Инаку, вакви спонзорирани објави на Фејсбук редовно излегуваат на профилот на Ковачевски, за изградба на 1.300 км автопатишта, фабрики, високи плати и пензии и друго.
(Д. Г.)