СПОРЕД „ЦРВЕН КРСТ“: Најмалку 150.000 луѓе во Турција останаа без покрив над главата, уништени 6.000 згради

/ 07.02.2023

Најмалку 150.000 луѓе во Турција останаа без покрив над главата во силниот земјотрес на југот на земјата, соопшти Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

Се проценува дека се уништени околу 6.000 згради.

Засега е познато дека повеќе од 5.000 луѓе загинаа во Турција и Сирија, кога земјотресот со јачина од 7,8 степени по Рихтер ги погоди југоисточна Турција и северозападна Сирија.

Околу 23 милиони луѓе во Турција и Сирија беа погодени од земјотресот, од кои 13,5 милиони луѓе се од Турција, изјави турскиот министер за развој, урбанизам и климатски промени Мурат Курум, пренесе „Еј-би-си“.


Од истата категорија