Високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, денеска објави дека ЕУ, со новиот, 10-ти пакет санкции против Русија, вклучи повеќе од 120 физички и правни лица и воведе значителни ограничувања за увоз и извоз со цел да се уништи „руската воена машина“.
– Со нашата листа ги таргетираме одговорните за депортацијата и принудното посвојување на најмалку 6.000 украински деца. Ова е јасно кршење на меѓународното право, вклучително и Женевската конвенција, како што кажав вчера во Советот за безбедност на ОН, додаде високиот претставник на ЕУ, јави Танјуг.
Шведското претседателство со ЕУ вчера објави дека Европската унија го усвоила десеттиот пакет санкции против Русија и дека Брисел ќе ја поддржува Украина „колку што е потребно“.