Од аптека во аптека, од град во град  родителите во потрага по последните залихи на антибиотиците Aмоксиклав и Oспен за деца, се вели во прилогот на ТВ Телма на оваа тема. Помош се бара и од социјалните мрежи каде најбрзо се добиваат информации каде останало некое шише од овие сирупи. Матичните доктори велат пациентите се снаоѓаат, но некогаш мора да сменат антибиотик.

Овие антибиоци ги нема повеќе од еден месец, но според лекарите проблемот дошол до израз последните неколку недели со променливо време и зголемен број на ресипиратони инфекции кај децата.

Од аптеките креваат рaце кога повторно на рафтовите ќе се вратат најбараните антибиотици. Од Агенцијата за лекови МАЛМЕД смируваат дека тоа ќе биде наскоро.

-Таблетарните форми на антибиотиците Амоксиклав, Коалмацин и Панклав, кои имаат ист состав, се наоѓаат во промет во аптеките во земјава. Во моментот има недостаток на суспензијата за деца, но МАЛМЕД веќе има одобрена увозна дозвола за суспензијата Амоксиклав и се очекува лекот да го има во аптеките следната недела. Во најскоро време треба да ги има и Панклав и Коалмацин за деца. МАЛМЕД, во соработка со сите веледрогерии максимално се залага да се обезбедат сите лекови со цел задоволување на потребите на пациентите, соопштија од Малмед.

Ова не е прв пат родителите во грч да бараат лекови за болните деца низ државата и надвор од неа. Пред неколку месеци сличен проблем имаше и со инхалаторната терапија за воспаленија на дишни патишта и асма кај децата.