При денешната посета на општина Аеродром претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на случувањата во судскиот совет истакна дека тоа е вандализам, девалвирање, багабонтство на отворена сцена и процес што ја срами Македонија и што нанесува трајни штети и последици.
„За личноста која што беше на начин променета како што беше променета нема да коментирам, тоа како став наш го знаете, од каде потекнува, како потекнува, и тоа што нејзе и се случи во ова опструирано правосудство во Македонија е само последица на тоа што она сама претставува. Но ако го коментираме самиот процес тогаш навистина тоа е еден процес на вандализам, на багабонтство и процес не само што ја срами Македонија туку е процес кој што нанесува трајна штета и последици во смисла дека оставаме лош впечаток пред нашите меѓународни партнери. Сега јас ќе ја прашам македонската јавност и ќе ја прашам владата, дали оваа штета што се одвива на отворена сцена во судскиот совет кој што треба да биде орган над сите органи практично тоа е и мајка и татко на оние кои што треба да се грижат за владеењето на правото, за борбата против криминалот и корупцијата, дали ова што таму се случува нема да нанесе трајна штета во нашите односи со ЕУ затоа што знаеме дека една од темелните вредности на ЕУ е токму владеењето на правото и борбата против криминалот и корупцијата, рече Мицкоски.
Гледате, додаде тој, таму партиски кланови се борат за превласт, кој да биде претседател, па кој да биде после избран за судија, таков еден срам, такво едно девалвирање, таков вандализам и багабонтство на отворена сцена Македонија не познава.
– Ова дури и на држави со апсолутистички режим како Северна Кореја не им е пракса. Ваков еден срам што се случува тоа е невидено. Затоа велиме луѓе дајте да ставиме крај да одиме на избори, вакви сцени ќе гледаме се повеќе и повеќе, и ја повикувам и меѓународната заедница, овие луѓе што се во владата не им е гајле за народот што мисли тие тоа го кажуваат јавно, тие многу повеќе сакаат да коленичат и да веднат глава пред вас во вашите кабинети, кога го газат дебелиот килим и во Брисел и во вашите амбасади овде, кажете им да заминат така ќе го спасите и народот и државата и самите себе. Тие вас ќе ве слушаат, не го слушаат тие народот. Не се избрани тие од народот. Секогаш се поставени и октроирани таму каде што се, за да не се случи народ. Оти ако се случи народ тогаш ќе биде проблем. Заради тоа еве и до нив една порака, зарем можете да гледате и да молчите, зарем можете“ , нагласи Мицкоски.