Притисокот врз пратеник во однос на уставните измени е кривично дело, рече пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи во синоќешното гостување во емисијата Заспиј ако можеш на ТВ Алфа.
-Маричиќ се заборава дека припаѓа на законодавната власт додека пратениците припаѓаат на извршната власт што значи дека пратениците можат да го свикаат него да одговори на одредени прашања, а не тој нив. Инаку притисок врз пратеник е кривично дело и тоа треба да го знае како член на Владата, рече Мизрахи.
Мизрахи е децидна дека ставот на пратеничката група е повеќе од јасен со месеци и нема што да се разговара сето што требало да биде кажано е кажано и нема услови за уставни измени.
-Иако владиното мнозинство константно заборува и е со полна уста за европски вредности и европска иднина тие забораваат дека основачкиот договор на Европската Унија се темели на 2 принципи тоа е право на држава, владеење на правото и економски развиени држави, вели Мизрахи.
Таа посочи дека во овој случај живееме во држава која не е ни најмалку правна држава, бидејќи ние имаме клептократска Влада
-Доколку немаше криминал и корупција ќе видевме нешто од огромниве буџети во јавност. Ние гледаме дека само се празни буџетот, а нема ништо, рече Мизрахи.
Таа заклучи дека Буџетот на Република Македонија завршува во нечиј џебови што значи дека данокот на граѓаните не се враќа назад кај граѓаните бидејќи граѓаните само преживуваат коруптивен систем.