Мојот народ и бугарскиот народ ги поврзува блиската соработка во минатото, вели албанскиот писател, Ким Мехмети, кој живее и работи во Македонија.
– Но, оваа вистина ја крие маглата на лажната српска пропаганда, која ја спречуваше оваа соработка и блискост. Целата оваа поранешна соработка беше намерно прикриена од антибугарските и антиалбанските белградски лаборатории. Белградските „работилници“ на вистината фабрикуваа нови народи и јазици. Овие „работилници“ произведоа и голема количина на омраза кон Албанците и Бугарите, како и лажен поглед за минатото на народите што живеат овде, вели Мехмети за пробугарскиот портал Трибуна.
На прашањето од Трибуна како Мехмети се чувствува како Албанец во Македонија, тој одговара:
– Не можеш да се чувствуваш добро во земја, која и ја финансираш, но која со истите државни пари издава „Македонска енциклопедија“, во која твојот народ е подложен на навреди. Или кога академици јавно и колективно го навредуваат мојот народ. Понекогаш имам чувство дека Македонија се мрази себеси и бидејќи е така е осудена да пропадне. И дека во оваа земја се е минливо. Сè уште ми личи на земја, која ја тестира можноста за градење држава врз темелите на омразата кон другиот, вели Мехмети.
Затоа, ми се чини, додава Мехмети, дека таква земја не може да има иднина.
– На Македонците им беше всадена српската „вистина“ дека соживот со Албанците и Бугарите не е можен, а државата чиј главен град не се вика Белград не вреди пет пари. Во Македонија и денес антиалбанизмот и антибугаризмот не само што не се казнуваат, туку се наградуваат, вели Мехмети во интервјуто за пробугарска Трибина.
Целото интервју може да го отворите ТУКА.