Јованка КЕПЕСКА

Многу неразјаснети содржини се произнесуваат кога главно од политичките претставници се доведува до релацијата на мултикултурното општество и карактерот на македонската држава. Уставно и концепциски Република Македонија е национална држава на македонскиот народ. Меѓутоа званичните говорители како да чувствуваат определена нелагодност кога говорат за македонската држава како држава со мултикултурно општество. Создавајќи на таков начин заснованост за политички аспирации за некаква поинаква конструкција на македонската држава.

Притоа, не сакам да верувам дека се сомневаат во унитарноста на македонската држава туку дека е поради неснаоѓање како да го одвојат мултикултурното општество од македонската држава.

Па затоа како да може поради многукултурноста на општеството да се претпостави мултинационална мултиетничка држава. А државата е унитарна што значи дека, според внатрешната организација, е неделива, како што се вели, на многу нации, што значи на многу политички делови. Македонската нација е политичката заедница и таа во целост, ако е унитарна.

Граѓанска држава ги нивелира односите на поединецот со држава како политички односи. Значи според политичкиот принцип поеднинците се еднакви во државата. При што државата не изразува различни етникуми и го носи кваликативот на своето историско постоење. А тоа е македонскиот карактер на државата.

За искривување на сфаќањата припомага и променетото име на Република Македонија. Земајќи го таквиот факт како повод за „иновирање“ на суштината на нацијата. Односно да се вложи обид нацијата да се подразбере како конгломерат на етноси што не искажуваат повеќе заедничка одредница и што ги одликува квалитетно како целина. И како консеквенца од што да се преформулира државата во многуетничка. Што, пак, не постои ниту во теоретска смисла ниту во политичката практика. Не би сакала даа верувам и во некоја задскриена намера за раздробување или поделба на дравата.

Ваквото политичко пледирање е причината за крајната дезориентација во Македонија и штетно во однос на консеквенците што произлегуваат за разделеноста на македонското општество.

Затоа што не може да се пренебрегне дека поимот унитарна држава колку што говори за организацијата во државата, говори и за тоа дека таа е и национална. А со оглед тоа што според Уставот на Македонија државата е унитарна тогаш дека ја определува со македонскиот карактер со оглед на македонскиот народ како конституент на државата. Како непроменлив, статичен национален. Се разбира, држава ги обезбедува културните  права на малцинствата. Но останува обележјето на македонскиот културен идентитет на нацијата. Впрочем, културата е творештвото кое се остварува во единствениот социјален амбиент и кое го одразува. Македонскиот културен идентитет опстојува поради македонската етничка автентичност влијанија во содејство со другите етнички припадности  во рамките на Република Македонија  но и од културните достигнувања на други народи. И тоа севкупно ја означува македонската култура. Која апсолутно постои и треба да се негува.

Обично се нагласува дека Европската заедница настанува како економска заедница. Но треба да се знае дека ‘ркулецот на ЕУ се, сепак, Елзас и Лорен. Во чии градови, впрочем, се сместени нејзините најважни институции. Зошто Елзас и Лорен со своите културни одлики ја одиграле спојувачката европска улога? Токму поради своите културни идентитети, остварениот културен амбиент. Имено, најдувајќи се наизменично во рамките на Германија и Франција ги искажуваат одликите и на фаранцуската и на германската култура. На француската питоректност и на стариот германски јазик.

Ова не е единственото прашање кое создава недоразбирање во јавноста а уште повеќе до дезориентација во политичката практика и заложби за несоответни решенија за општеството. Оттаму потребата секојпат одново во однос на ваквите мислења да им се определи соответниот пристап. Често се наложува потреба и од јавна расправа и со теоретски сознанија што не треба да изостанува. За да ги избегнеме застранувањата и да обезбедиме стабилност на македонското општество. И за нужноста да ги доведеме во ред работите.