Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека војната во Украина ќе се пролонгира бидејќи Западот сака конфликтот да продолжи, додавајќи дека САД би можеле веднаш да ја прекинат војната.
– Ако САД речат дека сакаат мир и војната мора да престане, мора да има прекин на огнот и мора да почнат преговорите, тоа ќе се случеше уште следниот ден. Не добивме одговор на прашањето зошто Американците тоа не го сакаат ниту на самитот на НАТО во Вилнус, рече Орбан, пренесува МТИ.
Унгарскиот премиер додаде дека „никој не знае зошто тоа не се случи“.
– Украина веќе го загуби својот суверенитет, нема пари, нема одбранбена индустрија и нема можност да произведува воена опрема, рече Орбан.
Тој изјави дека сѐ уште има огромен број на оние кои ја поддржуваат војната и дека „ретко кој го користи гласот на мирот“.
-Мораме да бидеме подготвени за фактот дека војната и санкциите нема да исчезнат од нашите животи, рече Орбан.
Зборувајќи за членството на Украина во НАТО, премиерот на Унгарија рече дека приклучувањето на Киев ќе доведе до трета светска војна.
– Ако го направивме тоа што го бара украинскиот претседател, ќе бидеме во Трета светска војна, рече Орбан.