Д-р Андон ЧИБИШЕВ
Не знам што е ова што ни се случува ?
Попладнево некои медиуми лиферуваа вест дека во околината на населбата Ѓорче Петров инспекторите од Инспекторатот за животна средина откриле дека на несоодветен начин е депониран отпад со шифра 10 04 кој според листата на видови на отпади објавена во Законот за управување со отпадот спаѓа во групата на опасен отпад.
(Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство)
Бидејќи се работи за отпад кој е продукт од преработка на акумулатори кои содржат тешки метали како олово, кадмиум, и жива кои на краток и долг рок можат сериозно да ја загадат животната средина заради загадување на почвата и подземните води. Преку нив можат да стигнат во земјоделските производи кои граѓаните секојдневно ги користат за исхрана.
Инаку, оловото спаѓа во групата на тешки метали и внесен во човечкиот организам има исклучителен афинитет кон еритроцитите и коскената срж и во нив може да се задржи од 45 дена во крвта до 30 години во коскената срж.
Хроничната експозиција на олово и неговите соединенија доведува до тешки пореметување во создавањето на крвни клетки, сериозни пореметувања на работата на бубрезите, комплицирани испади во централниот и периферниот нервен систем.
Овие неповолни ефекти на оловото и неговите соединенија особено се опасни кога на нив се изложени деца и млади до 20 годишна возраст.
Ова веќе станува многу сериозно и загрижувачки.
Ги повикувам институциите под итно да утврдат кој ги труе граѓаните и да преземат мерки за обезбедување на загаденото подрачје.