Претседателот Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Прилеп се осврна на случајот Онкологија или скандал Диво месо укажувајќи дека институциите како Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) и Министерството за здравство, не само што не постапуваат по наодите на Државна ревизија, туку неправилностите само се продлабочуваат.
– Имаме индиции дека тоа што се случува на Клиниката за онкологија, се случува и на други клиники, кажа Мицкоски за време на посетата на Прилеп која е во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!“.
Мицкоски информираше дека се истражуваат наоди и за УКРО и за други клиники.
– Истражуваме и скоро и за тоа ќе излеземе во јавноста. На канцер мафијата мора да и се стави крај, порача Мицкоски.