При пукање во Винипег, Канада, три лица загинаа, а две се тешко повредени, соопшти локалната полиција. Престрелката се случила вчера нешто по 4 часот наутро, западно од центарот на градот.
Полицајците на местото на настанот пронашле пет жртви со прострелни рани.
– Инцидентот се случи во резиденција со повеќе единици; нема дополнителни информации за можниот мотив, рече портпаролот на полицијата во Винипег, Џејсон Михалишен, пренесува Си-Ен-Ен.
На местото на настанот е констатирана смрт на маж и жена. Три жртви биле пренесени во болница, а едната од нив подоцна починала од повредите. – Две жртви, маж и жена, се во критична состојба во болница. Истрагата е во тек, рече Михалишен.
Властите се уште не го соопштуваат идентитетот на жртвите.
фото: архива