Со власта на ДУИ и СДС здравството е во колапс. Никогаш не било полошо. Затоа е потребен целосен рестарт и подобрување во три клучни сегменти во здравствениот систем, ефикасност, ефективност и економичност, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Еден од врвните приоритети е инвестирањето во здравствената инфраструктура. Завршување на Клиничката болница во Штип, која што треба да прерасне во универзитетска клиничка болница ќе биде столб на здравството во источна Македонија. Кадровски и инфраструктурно ќе се инвестира во регионални болници со цел доближување на медицинските услуги до граѓаните. Модерен Клинички центар ќе биде целосно заокружување на здравствениот систем во Македонија и обезбедување на функционални здравствени институции.

Дополнително ќе се инвестира во кадровскиот потенцијал на вработените во здравството, со едукација и обуки во еминентни здравствени институции и искуства од странство. Исто така ќе се овозможи вработување на најдобрите студенти и талентирани ученици од медицинските факултети и медицинските училишта.

Време е за промени. Важно е оваа власт на ДУИ и СДС и нивната катастрофална политика во здравството да бидат поразени. Важно е граѓаните да добијат ефикасен здравствен систем, стои во соопштението на партијата.