Чајот од хибискус можете да го пиете секој ден, велат нутриционистите, а ако ве интересира што корист можете да имате од него, еве како влијае на организмот.
1. Го намалува крвниот притисок
За овој чај докажано е дека го намалува високиот крвен притисок. Една студија објавена во списанието „The Journal of Nutrition“ вели дека кај возрасните кои страдаат од хипертензија по секојдневно консумирање на три чаши од овој чај во текот на неколку недели, е забележан генерално помал притисок од оној кој за овие пациенти бил претходно вообичаен.
Ова го потврдиле и други истражувања, но ако страдате од хипертензија, сепак, немојте да се откажувате од терапијата и „да се лечите“ само со чај од хибискус. Консултирајте се со вашиот лекар, а овој вкусен чај нека биде дел од вашиот секојдневен живот, како „мала помош” на лековите кои ви се пропишани.
2. Го намалува нивото на холестерол и триглицериди
Друг „плус” на чајот од хибискус е што може да го доведе нивото на холестеролот во здрава граница и на тој начин да го зачува здравјето на срцето и крвните садови.
Една мала студија потврди дека две чаши чај хибискус дневно за еден месец го намалуваат нивото на холестерол во крвта кај луѓето со дијабетес. Овој чај го „намалува” нивото на лошиот (ЛДЛ) холестерол и триглицериди и го зголемува нивото на добриот (ХДЛ) холестерол.
3. Добар е за варење
Хидратацијата е многу важна за здравјето на органите за варење, а чајот од хибискусот дава дополнителен поттик. Овој билен чај е благ природен диуретик, помага да се отстрани вишокот вода и сол од телото, што придонесува за нормално функционирање на уринарниот и гастроинтестиналниот систем.
4. Го одржува имуниот систем здрав
Чајот од хибискусот е богат со витамин Ц, кој е важна „поддршка” за нашиот имунитет. Со посветено миење на рацете, можеби со вакцина против грип и чај од хибискус, сте го свеле на минимум ризикот од непријатен вирус оваа зима.
5. Помага во губење тежина
Истражувањата покажаа дека земањето екстракт од хибискус во тек на 12 недели придонесува за губење на тежината, особено губењето на маснотиите од стомакот. Важно е да се имате на ум дека екстрактот е повеќе концентриран од чајот, но и чајот придонесува за вашата цел, само нешто помалку од екстрактот. За споредба, дневна доза на екстракт е еквивалентна на конзумирање шест чаши чај од хибискус.
6. Го ублажува воспалението
Чајот од хибискусот е богат со фитохемикалии како што се полифеноли и антоцијани, кои ги спречуваат воспалителните процеси во телото. Ако знаете дека воспалителни процеси се еден од главните фактори на ризик за кардиоваскуларни болести, дијабетес и артритис, ете причина да започнете да го пиете овој чај.
7.Го чува црниот дроб
Една студија во 2014 година покажа дека земањето екстракт од хибискус може да ги ублажи симптомите на таканаречениот масен црн дроб, кој често се јавува кај дебели луѓе. И, како што рековме, дневната доза на екстрактот од хибискусот има ефект како шест шолји чај, па изберете сами .