Американскиот Стејт департмент одобри можна продажба на воена опрема вредна околу 75 милиони долари на Тајван.
Пентагон соопшти дека станува збор за модернизиран пакет опрема за напредно планирање на тактички систем за податоци.
Договорот доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Тајван и Кина Пакетот вклучува резервни уреди, мрежни приемници за глобално позиционирање, комуникациска опрема, програми за техничка поддршка и други компоненти поврзани со логистика, се наведува во соопштението на Пентагон..
Во главниот град на Тајван, Тајпеј е присутна американската делегација, предводена од републиканецот во Претставничкиот дом, Мајк Галагер, кој е претседател на Комитетот за Кина во Конгресот на САД, со претходната претседателка на Тајван. Цаи Инг-вен и нејзиниот наследник Вилијам Лаи.
Американската поддршка за Тајван е двопартиска. Ние ќе ве поддржиме без оглед кој е во Белата куќа, наведе Галагер.
фото: МИА архива