Сите надлежни институции, како и Владата предводена од СДСМ, континуирано и посветено работат на решавање на наследниот проблем со загадениот воздух, соопшти СДСМ.
– Катастрофата наследена од криминалната ВМРО-ДПМНЕ, партијата која го игнорираше проблемот и уништуваше се што е здраво и зелено, денес се решава со бројни активности и мерки на централно и локално ниво, со цел да се обезбеди почист воздух за сите граѓани. Меѓу другите мерки, за решавање на долгогодишниот проблем, преземени се или веќе се преземаат 20 мерки, соопштува СДСМ.
Владејачката партија, натаму во соопштението, ги набројува 20-те мерки за „криминалниот воздух“ што ги презема против загадувањето на вздухот.
– Ова се само дел од мерките што веќе се преземени, што се преземаат во моментов и што ќе бидат преземени а се во насока на решавање на долгогодишниот проблем со аерозагадувањето, со цел веќе за две години, загадувањето да биде намалено до 50 отсто во Скопје и од 30 до 50 отсто во другите градови низ државата. Здравата животна средина и решавањето на проблемот со аерозагадувањето остануваат врвен приоритет за Владата предводена од СДСМ, се вели во соопштението од Центар за комуникации со јавност на СДСМ.