САД денеска би можеле да објават нов пакет оружје за Украина во вредност од шест милијарди долари, потврди синоќа американски официјален претставник, пренесе Хина.
Пакетот може да вклучува противвоздушен радар, тактички возила, пресретнувачи Патриот, беспилотни летала, артилерија, прецизна муниција и системи против беспилотни летала, изјави претставникот кој сакаше да остане анонимен.
За новиот пакет помош во оружје за Украина прв јави сајтот Политико.
фото:МИА архива