ЏИМ ЏОРДАН (републикански сенатор): Господине Ретклиф, мислам дека д-р Мекормак го постави вистинското прашање. Ми се чини дека основното прашање е зошто нè лажеа и зошто трае толку долго? Ова го истакнувате во вашето сведочење. Зошто и е потребно толку време на секоја владина агенција да го признае она што сите го знаеме? Затоа што верувањето во истекување од лабораторија како потекло на корона вирусот не е теорија на заговор, нели, господине Ретклиф? Зошто трае толку долго тогаш? Мислам, го знаевте ова мошне рано, нели? Ако погледнам, знаевте дека во… Всушност, тоа го кажувате, мислам, во вашето сведочење. Велите дека протекувањето од лабораторија е единственото објаснување, единственото веродостојно објаснување. Ако ова беше судење, преовладувањето на доказите е на страната на истекувањето од лабораторијата. Го знаевте тоа за неколку недели по појавата ан вирусот. Па зошто владата не ни ја кажа вистината?
ЏОН РАТКЛИФ (директор на Националното разузнавање во САД од 2020-2021): Па, мислам, знаете, кога ќе го погледнете извештајот на разузнавачката заедница што администрацијата на Бајден го објави во октомври 2021 година, тие го признаваат одбивањето на Кина да соработува, но извештајот, на кој било начин, го игнорира она што мислам дека е неизбежен факт и реалност дека ако Коминистичката партија на Кина има нешто ослободувачко, нешто воопшто, нешто што би било корисно да покаже дека никој не е виновен за ова, дека ова се случи природно, дека тие ќе го споделат тоа. И, знаете, зошто да не споделите податоци, примероци, истражувања, сè што има тенденција да покаже дека тие имале пристап, што би сакало да покаже дека ова се случува природно и има тенденција да покаже дека теоријата за истекување во лабораторија навистина била теорија на заговор. Но, тие не го направија тоа бидејќи не можеа да го направат тоа. И за мене, затоа правењето проценка со одредено ниво на доверба е нешто што одамна требаше да го направи разузнавачката заедница.
ЏОРДАН: Да, треба да ги заштитиме изворите и методите. Затоа Мајк Помпео и јас се трудевме околу тоа колку од ова можеме да го отстраниме, надевајќи се дека тоа ќе ја поттикне следната администрација што ќе дојде да декласифицира повеќе информации, што тие не ги направија, и ќе ги наведе сослушувањата во Конгресот за потеклото на вирусот, пто не се случи. Директорот на националното разузнавање знаел дека ова доаѓа од лабораторија. Државниот секретар знаеше дека вирусот доаѓа од лабораторија. Здравиот разум ви кажува дека ова нешто доаѓа од лабораторија. И искрено, дури и момците кои нè викаа по име знаеја дека доаѓа од лабораторија затоа што ги имаме нивните мејлови. Ги имаме нивните мејлови од самиот почеток. Г-дин Гери вели: „Не знам како се случува ова во природата; би било лесно да се направи во лабораторија“. Г-дин Андерсон вели: „Ова не е во согласност со еволуцијата“. Сите знаеја на почетокот. Знаевте на почетокот. А сепак, тие ни го кажуваат токму спротивното. Зошто?
РАТКЛИФ: Па, го изоставивте највисокиот службеник за јавно здравје, вирусологот, д-р Редфилд. Тој сведочеше. Да, и тој сведочеше. Така, највисокиот дипломат, врвот на разузнавачката заедница, највисокиот службеник за јавно здравје, сите ви кажаа со одредено ниво на доверба дека најверојатното потекло на вирусот е од лабораторија. И мислам дека, за жал, од политички причини и политички наративи беше тешко да се каже тоа.
ЏОРДАН: Значи, дали разговаравте со д-р Фаучи за ова? Дали разговаравте со д-р Фаучи во секое време?
РАТКЛИФ: Не, никогаш не разговарав со д-р Фаучи.
ЏОРДАН: Дали ви е чудно кога тој ќе каже нешто директно спротивно на државниот секретар, на директорот на националното разузнавање и на врвниот виролог, д-р Редфилд, што д-р Фаучи не би разговарал со вас?
РАТКЛИФ: Да, да бидам појасен, имаше луѓе во работната група за коронавирус кои продследуваа медицински и научни информации до разузнавачката заедница, не до мене директно, но ниту една од тие информации не беше искрено конзистентна со она за што разговаравме, што покажа разузнавањето. Повторно, некои од тие поединци, вклучително и д-р Фаучи, ја промовираа идејата дека вирусот е со природно потекло. И се друго, тие јавно го нарекуваа теорија на заговор. Во одредени разговори, д-р Колинс кажа дека секој кој верува во потеклото од лабораторија е теоретичар на заговор.
ЏОРДАН: Кажете ми го вашето … зошто мислите дека Фаучи и Колинс го прифатија тоа… Ја имам мојата теорија и мислам дека сум во право, но би сакал да слушнам од директорот на националното разузнавање што мисли за Фаучи и за мотивацијата на Колинс за споделување лажни информации со американскиот народ:
РАТКЛИФ: Па, мислам дека најдобар доказ за тоа се нивните сопствени разговори, кои велат дека тие не сакале да кажат за Институтот за вирологија во Вухан и извори на финансирање за некои од тие истражувања.
ЏОРДАН: Во лабораторијата во Кина која вршеше истражување за вештачко создавање на вирусот незаконски се дадени наши пари и оттаму дојде оваа работа? Тоа е она што не сакаа да го знаеме. Се согласувате со тоа, господине Ретклиф?
РАТКЛИФ: Се согласувам со тоа.
ЏОРДАН: Тоа е важно. Ви благодарам. Јас имав толку.
ТЕЈЛОР ГРИН (републиканска конгресменка од Џорџија: Би сакала да се осврнам на нешто за што зборуваше еден од нашите колеги од другата страна, а тоа беше азиската омраза во однос на претседателот Трамп. Претседателот Трамп никогаш не зборувал со јазик на расизам или омраза. Тој, сепак, го нарече вирусот КОВИД-19 кинески вирус, затоа што сметаше и сметаме дека потекнува од Кина. Исто така, би сакала да наведам дека многу вируси и болести се именувани по областа од која потекнуваат, како што се вирусот Западен Нил од Западен Нил, Уганда, карпестата треска од Карпестите планини, вирусот Марбург од Марбург, Германија, Зика треска од шумата Зика во Уганда иотн. Но, ние денес овде навистина зборуваме за потеклото на КОВИД-19, што е шокантно за мене затоа што искрено, три и пол години зборуваме за потеклото на КОВИД-19. Секој здрав разум, секој Американец што го знам доста разбира од каде потекнува. Дојде од Институтот за вирологија во Вухан и навистина Американецот не се грижи дали разузнавачката заедница вели дека го направила тоа или не. Би сакала да истакнам дека тука сме. Разузнавачката заедница може веднаш да открие кој објавувал доверливи информации во разговорот на Discord, но сепак не сака да каже дали тие дошле од лабораторија или не дошле од лабораторија. Се чини дека разузнавачките заедници објавуваат или не објавуваат информации врз основа на тоа како информациите ќе влијаат на владата. Сепак, за жал, толку пати не ги објавува или не ги објавува информациите на луѓето што ги опслужува, а ќе потсетам сите, ги плаќаат даночните обврзници на Америка. Би сакала да истакнам дека информативниот лист на Стејт департментот на 15 јануари 2021 година знаеше многу информации за Институтот за вирологија во Вухан. Тоа значи дека нашата разузнавачка заедница знаела многу повеќе пред тоа. Тие знаеја дека американската влада верува дека има неколку истражувачи во Институтот за вирологија во Вухан кои се разболеле во есента 2019 година пред првпат да се пријават случаи на КОВИД-19. Тие, исто така, знаеја дека ККП ги спречува новинарите, истражувачите и глобалните здравствени власти да пристапат до Институтот за вирологија во Вухан. Тие, исто така, знаеја дека почнувајќи од 2016 година, многу пред ова, Институтот за вирологија во Вухан го истражуваше коронавирусот на лилјакот со најблиска врска со САРС-КоВ-2 и слично. Институтот за вирологија Вухан има објавено досие за опасни истражувања за вептачко создавање на вирусот, а Стејт департментот исто така соопшти дека американската влада утврдила дека Институтот за вирологија Вухан соработувал на публикации и тајни проекти со војската на ККП од најмалку 2017 година. Знаете што друго знаеме? Знаеме дека д-р Фаучи во НИХ преку грантови и преку EcoHealth Alliance го динансираше истражувањето во Вухан. Ние го знаеме тоа. Нашата влада плати за тоа. Нашите даночни обврзници, за жал, несвесно платија за тоа. Значи, знаеме дека сето ова е вистина и знаеме што се случуваше во Институтот за вирологија во Вухан. Господине Лентал, со вашата посветеност да бидете аналитичар на информации, зошто е толку тешко да се одреди дали КОВИД-19 потекнува од Институтот за вирологија во Вухан или не?
Д-р ЛОВЕНТАЛ: Затоа што Кинезите нема да ни дадат пристап до информациите што ни се потребни. дури и да ни дадеа таков вид информации не ќе можевме да кажеме со висок степен на сигурност дека се вистинските информаци.
ГРИН: Д-р Ловентал, рековте дека вашите разузнавачки тврдења и информации се непартиски. Во 2018 година, г-не Ловентал, ве цитираа во Њујорк Тајмс,л рековнте дека Трамп е најдобриот претседател… Како и да е, зборуваме за еден милион умрени Американци и дури 10 милиони луѓе ширум светот и ние никогаш нема да можеме да спречиме вакво нешпто да с еповтори ако ова не го разрешиме, односно ако не расчистиме како Ковид 19 е создаден.