Пораката од народот е испратена, почнува паѓањето на СДСМ, порача вечерва експремиерот и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Тој по вечерашниот голем протестен собир пред Владата во Скопје, кој претходно го поддржа. преку Фејсбук ја упати оваа порака:
– Пораката е испратена. Пораката на народот на Македонија. Почнува паѓањето на СДСМ. Народот се буди. Не можат вечно да го лажат и плашат народот. Ова е негова земја. Одличен и моќен народен собир. Честитки до сите, порача Груевски.