Алармантната состојба со аерозагадувањето причина за револт кај битолчани кои бараат од Владата да им овозможи субвенционирана тарифа за електрична енергија. Обештетувањето го бараат како резултат на долгогодишните напластувања на заболени од малигни неоплазми, проблем кој произлегувал како резултат на загадувањето на животната средина што го трпат, бидејќи процесот на производство на струјата се изведува на нивна територија велат од советничката група Поинаку. Но, и покрај тоа што Советот на општина Битола донесе заклучок со кој ќе бара од Владата на првата следна седница да донесе одлука за субвенционирана струја за граѓаните на Општина Битола. Од Поинаку велат нема да отстапат од најавените протести додека не добијат конкретна одлука од Владата – односно поефтина струја како резултат на загадениот амбиетален воздух.
„Без разлика кој и да е на власт треба да имаме чист воздух. Досега видовме што се случува, две години имаше централна власт и досега можеше некој од вас да побара на влада.“ – изјави Иван Чулакоски од советничката група Поинаку.
Поефтина сметка за струја за битолчани уште пред изборите побара независната група советници Поинаку од каде велат дека ваквите барања требало да произлезат од централната власт од двете најголеми политички партии. По протестите во изминатите години и нереализираните ветувања за топлификација со пареа од РЕК, сега граѓаните се сплотуваат околу идејата за субвенционирана цена на електричната енергија.
Протестот ќе се одржи пред општинската зграда.