На вториот ден од официјалната посета на Австралија, британскиот крал Чарлс Трети се соочи со непријатност веднаш откако го заврши својот говор во австралискиот Парламент, бидејќи независната сенаторка Лидија Торп почна да вика „Ова не е твоја земја. Ти не си мојот крал“.

Би-Би-Си јавува дека сенаторката Торп ја прекина церемонијата во Канбера извикувајќи една минута „Ти не си мој крал“, по што интервенирало обезбедувањето и ја одвело.

Кралот штотуку ја напушти говорницата за да и се придружи на кралицата Камила, која седеше на галеријата од парламентарната сала, кога сенаторот Торп почна да вика и да се приближува до говорницата од задниот дел на пленарната сала.

Откако изнесе обвинувања за геноцид врз „австралискиот народ“, можеше да се слушне како таа извикува: „Ова не е твоја земја, ти не си мој крал“.

Церемонијата заврши без да се спомене инцидентот, а кралската двојка се упати кон излезот од зградата на парламентот за да се сретне со насобраните граѓани.

фото:ЕПА