Повеќе градови во Македонија и утрово се загадени.

Загадувањето е високо во Скопје, кој и утрово е на листата 10 најзагадени градови во светот и прв најзагаден град во Европа според платформата Ај Кју Ер

Според мерните станици на Министерството за животна средина најзагаден град во Македонија утрово е Струмица каде концетрацијата пм10 честичките во воздухот надминува 170 милиграми на метар кубен.

За да се спречат големиот број смртни случаи во Македонија како последица на аерозагадувањето и надлежните да преземат итни и среднорочни мерки од граѓанската иницијатива “Зелен хуман град“ за идниот вторник најавуваат протест по скопските централни улици. Според нив целта е уште еднаш да алармираат како да се заштити населението од опасниот воздух.

Протестот е закажан за вторник 10 декември во 16 часот пред Министерството за животна средина, потоа присутните ќе се упатат кон Собрание, а ќе завршат пред Влада.