Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец со брзина над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 5, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.

Во Скопје променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Од сабота следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму дневната температура ќе остане пониска.

Утрово е најстудено на Попова Папка, -5 степени, каде има и најмногу снег, 70 сантиметри.

Како што информира УХМР, до 8:30 часот се измерени -4 степени во Маврови Анови и Крушево, -2 во Берово, -1 во Битола, Тетово, 0 во Куманово, Крива Паланка и Кавадарци, 1 во Скопје-Петровец, Охрид, Штип, Претор и Прилеп, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Демир Капија и Велес и 3 во Виница и Гевгелија.

Висината на снежната покривка е 56 сантиметри во Маврови Анови, 4 во Тетово и 2 во Гостивар.