Деветгодишното дете кое почина на Клиниката за детски болести во Скопје, во штипската Клиничка болница било донесено на 14 јануари, информираат денеска преку пишано соопштение од Клиничка болница-Штип.

– Детето  е донесено на Одделот за детски болести во ЈЗУ Клиничка болница -Штип на 14 јануари во 18 часот во тешка општа состојба со засегната свест. Веднаш се реализирани биохемиски иследувања и КТ на глава и поради тешката состојба со медицинска придружба во 19 часот истиот ден детето е транспортирано до УК ДБ-Скопје, се вели во соопштението од Клиничка болница-Штип.

Инаку, според информациите од Клиничка болница-Штип, деветгодишното дете кое почина на Клиниката за детски болести во Скопје е од Општина Свети Николе.

Од Детската клиника во Скопје потврдија за МИА дека во вторникот кај нив било донесено деветгодишното дете од Свети Николе, кое починало по неполни два часа.

Како што информираат оттаму, детето било донесено во многу тешка здравствена состојба.

Претходно, од штипската Клиничка болница излегоа со соопштение за смртта на деветгодишното дете.

Фото: МИА