Денешното утро ќе биде студено со услови за слаба магла во котлините, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималните температури ќе се движат во интервал од минус 11 до 3, а максималните ќе достигнат од 4 до 11 степени.

Во Скопје ќе преовладува утро студено утро со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималните температури ќе се спуштат до 0, а максималните ќе достигнат до 9 степени.

До среда ќе продолжи периодот на стабилно и суво време, во најголемиот дел од земјата со негативни утрински температури. Некаде во котлините наутро ќе има услови за појава на магла. Од ноќта кон среда од запад ќе почнуваат врнежи од снег и понекаде од дожд. Ќе се создаде снежна покривка особено во западните и северните делови, а постојната значително ќе се зголеми.

Утрово најниска темепература во земјава од -11 степени Целзиусови е измерена во Берово, соопшти УХМР. Следат со -7 степени  Скопје-Петровец, Битола, Маврови Анови и Попова Шапка, -6 во Тетово, Крива Паланка, Прилеп, Штип, Демир Капија, Струмица и Велес, -5 во Скопје-Зајчев Рид, Крушево, Претор и Кавадарци и -4 степени во Охрид, Виница и Гевгелија.

Висината на снежната покривка измерена во 7 часот утрово изнесува 30 см на Попова Шапка и 13 см во Маврови Анови.