„Слугава на Талат Џафери вчера бесрамно ја лажеше јавноста, тврдејќи дека јас и колегата Драган Ковачки не сме го гласале законот за бранителите!?

Фактите се јасни: Ковачки воопшто не е во Македонија, а јас не можев да гласам бидејќи единствената комисија што се одржа вчера беше Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, каде што не сум член и немам право на глас!

Ова е уште еден очаен обид на СДС-ДУИ-Левица да ја сокријат својата немоќ и паника од поразот што им следува на изборите. Но, колку повеќе лажат, толку побрзо ќе ја видат вистината токму на изборниот ден!“, стои во фејсбук објавата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.