Ако им се верува на оние кои ја пробале оваа билна смеса, една калуѓерка од Посушје, Љубица Ковач, открила спасоносен лек за бактеријата ешерихија коли!

Ешерихија коли е грам-негативна бактерија во форма на стапче чие природно живеалиште се цревата на луѓето и животните.

Таа е дел од цревната флора и е неопходна за процесот на варење и синтеза на некои супстанции, на пример витамин К и разградување на лактозата.

Оваа бактерија е и показател за контаминација на водата со измет и е една од најчестите причинители за бактериски инфекции кај луѓето.

Може да предизвика инфекции на гастроинтестиналниот тракт, урогениталниот тракт, сепса, менингитис (кај новороденчиња), пневмонија итн.

Поранешната пациентка Ана тврди дека калуѓерка и го спасила животот откако во бременоста се заразила со ешерихија коли.

Вели дека не и помогнале ниту два различни антибиотици, туку чудесна комбинација од калуѓерка од Пошушје.

Со надеж дека никому нема да му треба, таа на јавноста и го откри рецептот.

Коренот од магдонос треба да се измие и потоа да се сомеле со машина, како и лимонот. Измешајте сè, додадете 200 гр мед и 2 дл маслиново масло. Истурете во чиста стаклена тегла.

Земете една голема лажица пред појадок, една пред вечера и така натаму додека не се потроши. Откако ќе ја искористите оваа количина, направете ги контрола. „Ако има уште бактерии, повторете со друга доза“, открива Ана.

Потребни состојки:

– 250 гр корен од магдонос
– 250 гр лимон со кора
– 200 гр мед и
– 2 дл маслиново масло